Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото бидејќи Европската Унија „се распаѓа“.
Виктор Орбан, во интервју за економскиот портал EconomX, изјави дека моменталната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“.
Тој оцени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би било посакувано“ бидејќи гувернерот на централната банка Михајл Варга е „претпазлив човек“.