Сите овие сопартијци на тогаш партијата на Власт , повеќе од една деценија беа заедно , сега секој на своја страна. ВМРО дпмне е со нов лидер, кој дојде на местото на избеганиот во Будимпешта , политички азилант Никола Груевски.Дали на повидок е формирање на нова партија која што ќе обедини голем дел од тогаш високите партиски функционери на ВМРО дпмне.Најгласен, барем според колмуните , а кој не сака да дава дополнителни изјави за јавност е екс министерот и за образование и за здравство Никола Тодоров , кој повикува на тоа дека … Ни треба херој кој е лидер и кој знае кон каде да оди. Кој има можност да го види опкружувањето и светот по дваесет години.
Тука е и актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев, кој се појави и на трибините организирани од СДСМ на прав пат. Контакти со матичната партијата , барем според зборувањата во кулуарите , немаат ниту екс минисрите Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски кои најчесто можат да се забележат во судница за делата кои ги отвори Специјалното Јавно обвинителство.Од јавноста го снема ни поранешниот вицепремиер и прв финасиер Зоран Ставрески , како и Пиар мозокот Мартин Протугер кој е во целосна апстинеција. Во оваа група на некогаш најмоќните политикички фигури е и екс директорот на УБК , Сашо Мијалков кој освен во судовите и тоа како излегува и влегува во притвор, во јавноста се зборува и тоа дека е успешен преговарач.
Навидум , лидерот Мицковски изгледа сам , со неколку поранешни блиски соработници на долгогодишниот лидер и почесен претседател на партијата Никола Груевски и неколку млади лица кои заедно со членството продолжува да ја води битката за обнова на Македонија.Но битка против кого ? Против опонентот СДСМ со Заев или поранешните сопартијци.Во јавноста се повеќе се зборува за нова трета опција со исклучените или тргнатите на страна од ВМРО дпмне.Тодоров и Јанчев во лов на членови и од незадоволните .Дали на овој список ќе се додадат и имињата на екс заменичката за правда Биљана Бришковска, Елизабета Канчевска Милевска , поранешниот Вицепремиер Владимир Пешевски кој делува коректно кон Мицковски но има блиски релации и со другите .Во игра се како актуелни така и политички неистомисленици , како кај СДСМ така и кај ВМРО дпмне.И екс шефот на дипломатијата Никола Поповски но и актуелниот Никола Димитров размислуваат , барем според познавачите на политичките случувања за менување на партискиот дрес.
Целта на ВМРО Дпмне во овој период треба да биде поголема во овој момент , оттколку било чија полтичка кариера или било чиее снаоѓање во политиката или во партијата .
Дали после овие политички турбуленции , се поставува прашањето партијата на Христијан Мицковски , наместо со СДСМ на Зоран Заев , повеќе енергија во борбата за власт да употреби за дел од своите актуелни , поранешни и исклучени членови.