ОТА: веројатно се следеле комуникациите на вмешани во "рекет"

Директорот на Оперативно-техничката агенција ОТА, Зоран Ангеловски откри дека за случајот “рекет”, агенцијата слушала разговори на осомничените. Иако барањата за следење на комуникациите ОТА ги добива со скриен идентитет, веројатно има и од тие телефонски броеви, изјави Ангеловски.

Се вчитува...

Тој ова го изјави по денешната посета на собраниската комисија за надзор на комуникации. Претседателот Емил Димитриев изјави дека во моментов се прислушкуваат 159 телефонски броеви.
За сите, комисијата утврдила има ОТА поседува уредна судска наредба.

 

Зоран Јаневски

Извор: Сител телевизија