Отчет на Петровска: Сработивме многу повеќе од тоа за што не обвинува опозицијата

12 месеци од новата власт во Битола денеска беа одбележани со отчет на првиот човек на Општина Битола, Наташа Петровска.

На прес конференцијата Петровска рече дека се соочиле со многу предизвици кои подразбирале чистење на наталожените проблеми од изминатите години.

„Блокирани училишта, недоволен капацитет во градинките, лоша инфраструктура, спорт во колапс, енормна загаденост, демографски градот ни старее, а младите заминуваат и го напуштаат градот.“, рече Петровска на денешната прес конференција.

Петровска потенцираше дека она што го велите го реализираат, па така била обезбедена документација за Офицерски дом, како и одобрени за реконструкција. Околу најавите за гасификација на Битола исто така рече дека во тек била припрема за тендерската документација.

„Истото се случува и со проектот гасификација на Битола, каде во тек е припрема на тендерска документација. Морам да нагласам дека добивањето на потребната документација не се прави преку ноќ и за тоа е потребно време, така што активно се работи и на овој клучен проект за Битола, кој на градот треба да му донесе намалено загадување на воздухот“, рече Петровска на денешниот отчет.

Од реализираните проекти кои како најважни ги издвои градоначалникот беа осум за инфраструктура односно реконструкција на патишта, изградба на водоводна мрежа, колектор, санација на тротоари и гребен асфалт за во руралните средини.

Најгорлив проблем како што рече Петровска било образованието.

„Еден од најгорливите проблеми за нас беше образованието, со наследен долг од над 4.500.000 евра. Општина Битола со ребалансот на буџетот ќе издвои 2 милиони денари за да им ги рефундира парите на родителите за школскиот превоз. И на ова поле вложувавме изминатата година. Проблемот со превозот исто така ќе мора да се решава активно. За нагледни средства, за подобри услови, хигиена, дограма.

СОТУ „Ѓ.Наумов“ – 235.644,00ден.

ОУ„Т.Анѓелевски“- Г.Оризари – 105.527,00ден.

ОСМУ „Д-р Ј.Калаузи“ – 80.826,00ден.

ОУ „Даме Груев“ – 13.719,00ден.

ОУ „К.П.Мисирков – 4.827,00ден.

ОУ „Стив Наумов“ – 13.717,00ден

Училиште с.Ротино – 13.719,00ден

ОУ „К.Охридски“ – 6.959,00ден

Вкупно: 379.191 ,00 ден.“

Беа потеницирани и издвоените средства за спортот и изградбата на северната трибина од стадионот под Тумбе кафе, отворањето на 5-те рурални амбуланти, еко центар.

На крајот од прес конференцијата Петровска рече дека ова е многу повеќе од 0 километри поставен асфалт и 0% реализација на проекти за кои била обвинувувана од страна на опозицијата.