Балкан

Откажан концертот од 150 илјади евра на Дино Мерлин во Сплит, 20.000 граѓани потпишале петиција парите да се пренасочат кон болницата

Откажан концертот од 150 илјади евра на Дино Мерлин во Сплит, 20.000 граѓани потпишале петиција парите да се пренасочат кон болницата

Концертот на босанскиот пејач Дино Мерлин, кој беше најавен за 30 декември во Сплит, е откажан откако градоначалникот Томислав Шута соопштил дека нема да го потпише договорот за настапот на популарниот музичар.

На ваквата одлука ѝ претходела петиција потпишана од околу 20.000 граѓани, кои побарале средствата предвидени за концертот да бидат пренасочени за набавка на ПЕТ/КТ апарат за болницата во Сплит.

Иницијативата предизвикала јавна дебата за приоритетите при трошењето на јавните средства, особено кога станува збор за финансирање културни настани наспроти потребите на здравствениот систем.

Градоначалникот Шута, сепак, појаснил дека граѓаните не требало да избираат меѓу концертот и здравствената заштита, бидејќи станува збор за две одделни финансиски надлежности. Според него, концертот требало да биде финансиран од градскиот буџет, додека набавката на медицинскиот апарат е во надлежност на Министерството за здравство.

По откажувањето на настапот се огласил и тимот на Дино Мерлин, од каде што реагирале на информациите што се појавиле во јавноста за цената на концертот.

Тие тврдат дека биле пласирани неточни податоци за финансиските услови и дека дел од трошоците требало да бидат покриени од спонзори, со што финансискиот товар за градот би бил помал од претставениот.

Од тимот на пејачот најавиле и можност за преземање правни мерки поради, како што наведуваат, нарушување на угледот и репутациска штета предизвикана од информациите изнесени во јавноста.

Откажувањето на концертот отвори полемики за начинот на финансирање на големите музички настани и распределбата на буџетските средства, додека засега останува неизвесно дали спорот ќе добие и судска разрешница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни