4NEWS.mk

Откажана лидерската средба за утре

Сител неофицијално дознава дека утрешната закажана лидерска средба е откажана. Причината е најавите дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да присуствува. 

Официјално никој не потврдува, но неофицијално лидерот на СДСМ ги известил лидерите на партиите дека средбата е одложена. Според извори на Сител, СДСМ смета дека без присуство на Мицкоски, нема логика да се одржува лидерската.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни