Пожарникарите во Балтимор иницираа протокол за „потенцијален настан за масовни жртви“ откако мостот се урна поради удар на товарен брод. Според првичните податоци, бродот е под знаме на Сингапур.
Мостот Ки во американскиот град Балтимор бил погоден од контејнерскиот брод Дали под знамето на Сингапур, покажуваат податоците за следење на бродот.
Бродот бил долг 300 метри и бил на пат кон Коломбо, Шри Ланка.
The Francis Scott Key Bridge in Baltimore, Maryland which crosses the Patapsco River has reportedly Collapsed within the last few minutes after being Struck by a Large Container Ship; a Mass Casualty Incident has been Declared with over a Dozen Cars and many Individuals said to… pic.twitter.com/SsPMU8Mjph
— OSINTdefender (@sentdefender) March 26, 2024
Според морските радари, Дали тргнал од терминалот во Порт Бриз околу 00:45 часот. Тој патувал кон мостот Френсис Скот Ки, но застанал на мостот 45 минути подоцна.
Радарот за воздушниот сообраќај покажува дека полициските хеликоптери ја обиколувале областа неколку пати.
Портпаролот на противпожарната служба на градот Балтимор потврди дека уривањето на мостот во Балтимор е „потенцијален настан со масовни жртви“.
Допрва ќе се потврди бројот на луѓе кои завршиле во водата, но се сомнева дека во моментот на уривањето на мостот имало најмалку три автомобили, како и непознат број работници.