4NEWS.mk

Отворен аеродромот во Тирана

Аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, кој утрово кусо време беше затворен по силниот земјотрес, е отворен за сообраќај.

На Интернет страницата на аеродромот се наведува дека закажаните летови ќе се реализираат навреме.

Според претставникот на Стопанската комора на Србија, Александар Радовановиќ, кој присуствува на трговски саем во албанската престолнина Танјуг, аеродромот повторно функционира.

Аеродромот беше затворен поради оштетување на терминалите по земјотресот, објавија претходно локалните медиуми.

Во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер кој рано утрово ја погоди Албанија, загинаа најмалку шест лица, а повредени се повеќе од 300 луѓе.

Албанија потоа ја погодија и повеќе последователни потреси.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни