Балкан

Ова е човекот кој уби 11 лица во Цетиње

Ова е човекот кој уби 11 лица во Цетиње

Во престрелката што се случи денеска во Цетиње, кога Вук Бориловиќ (34) отвори оган врз сограѓани, според последните информации загинаа најмалку 11 лица, меѓу кои и деца.

Престрелката се случила денеска околу 16 часот, во близина на Владата, кога Бориловиќ застрелал 11 и ранил шест лица. Полицијата го убила Бориловиќ, а во престрелката е ранет и еден полицаец, кој, бил застрелан во главата.

Четири ранети се хоспитализирани во болницата во Цетиње, додека двајца повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Мотивот за оваа невидена трагедија се сомнева дека е семеен конфликт.

Според неофицијални информации, до пукањето дошло по кратка семејна расправија кога Бориловиќ извадил огнено оружје и пукал во случајни минувачи во близина на Владата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни