Здравје

Ова е ран знак за болести на вашето срце! – Еве кој фактор е виновен за тоа

Студија направена од група на експерти од Универзитетот во Тексас покажа дека големиот обем на стомакот во споредба со обемот на колкот е ран знак за срцеви заболувања.

Ова го потврдуваат и претходните истражувања, кои покажаа дека големината на желудникот, наместо вкупната телесна тежина, е клучен показател за ризикот од срцеви заболувања. Студијата направена на 2.744 луѓе покажа дека обемот на стомакот од 81 сантиметри или повеќе кај жените и 94 сантиметри или повеќе кај мажите претставува значително зголемен ризик од болести. Научниците ја проучувале врската помеѓу обликот на телото и присуството на атеросклероза кај учесниците во студијата.

Тие откриле дека додавањето на неколку сантиметри маснотии околу половината го зголемува ризикот од оштетување на артериите, дури и кога телесната тежина на една личност е во нормални граници. Луѓето со највисок сооднос помеѓу обемот на абдоменот и обемот на колковите имале двојно поголема веројатност да имаат знаци на атеросклероза во артериите на срцето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни