30 годишниот Иван се спаси во морето во Грција со помош на топката која пред десетина дена ја изгубиле две деца кај Лемнос.
Имено, Иван успеал да преживее 19 часа на море, благодарение на топката што случајно се нашла пред него во водата.
Неверојатната приказна станува уште поневеројатна, бидејќи, според Вориа , топката што го спасила Иван на Халкидики била изгубена од плажата Евгати во Лемнос, на 30 јуни !
Според информациите, на оваа плажа родителите дошле со своите две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун.
Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им излегла од контрола и не била повлечена од морските струи.
Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно.