Околу 5.000 туристи се евакуирани од Версајската палата.
Версајската палата во Париз денеска повторно е евакуирана, по шести пат во последните седум дена, поради закана за бомба, објави француски Фигаро, повикувајќи се на неименувани полициски извори. Според информациите, од Версајската палата биле евакуирани околу 5.000 туристи, а на местото пристигнале и кучиња трагачи кои помагаат во безбедносната контрола.
Версајската палата преку социјалната мрежа Х (Твитер) ја информираше јавноста дека евакуацијата се врши од превентивни безбедносни причини и дека ќе биде повторно отворена веднаш штом ќе бидат завршени сите потребни проверки. Претходно полицијата доби мејл во кој се тврди дека Франција е „земја на неверниците“.
Ќе разнесам се во Версајската палата“, се вели во пораката. Нивото на безбедност во Франција е подигнато на највисоко ниво од петокот по убиството на наставникот во градот Арас.
« Château de Versailles : sixième alerte à la bombe en sept jours, une évacuation en cours »
J’espère que les services vont identifier les coupables et qu’ils seront très lourdement sanctionnés.
Ça suffit ! 😡https://t.co/pGuhxI6gQa
— DON QUICHOTTE 🇫🇷🇪🇺🇺🇦🇮🇱 (@QuichanoAlonso) October 21, 2023