Здравје

Оваа храна е убиец на холестеролот и го забрзува метаболизмот

Оваа храна е убиец на холестеролот и го забрзува метаболизмот

Киселата зелка е храна која секогаш се препорачува во случај на некои болести предизвикани од нерамнотежа на цревната флора.

Киселата зелка е богата со витамин Ц, кој е важен антиоксиданс, а содржи и многу калциум, калиум, железо и витамини од Б комплексот. Со ферментација на зелката се создава и витамин Б12, кој го има исклучиво во храната од животинско потекло, поради што киселата зелка особено се препорачува за веганите и вегетаријанците.

Тоа е природен извор на пробиотски бактерии кои го подобруваат нашиот имунолошки систем. Поради толку добар баланс на микроорганизми, оваа храна секогаш се препорачува во случај на некои болести предизвикани од нерамнотежа на цревната флора, особено после антибиотска терапија.

Се препорачува и за намалување на лошиот холестерол во крвта, за забрзување на метаболизмот и за подобрување на расположението.

Киселата зелка е нискокалорична, содржи само 25 калории на 100 грама, па затоа се препорачува за време на диети. Добар е и за анемични луѓе бидејќи е богат со минерални соли, витамини и хлорофил. На луѓето кои боледуваат од висок крвен притисок им се советува да не консумираат повеќе од една порција на ден бидејќи ферментираната зелка е полна со натриум.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни