Како што прогнозираат метеоролозите во нашата земја температурите на воздухот на сите места ќе се спуштат од – 10 до -1 степен оваа и наредната ноќ, а на повисоките места истите има услови да се спуштат и под -10 степени додека на планините и до околу -15 степени.
Максималните дневни тепмератури пак ќе се движат во интервалот од 0 до 9 степени, што исто така е прилично студено, па поради тоа препорачуваат задолжителна топла зимска облека.

Во четврток облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од снег и тоа попладне и навечер, веќе во петок ќе има повремени локални врнежи и тоа од снег на повисоките места и на планините додека на пониските места ќе бидат од дожд и снег.
На повисоките места и на планините снежната покривка ќе се зголеми.
Во сабота и во недела и понатаму ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на планините додека во недела услови за снег ќе има и на повисоките места
