Дали мислите дека кога сте жедни, најдобро решение за да добиете што поголема хидратација е да испиете чаша вода? Одговорот е не!
Според студијата на Универзитетот Св. Ендрјус од Шкотска, млекото е пијалок кој на телото му обезбедува најмногу и најдолготрајна хидратација.
Истражувачите открија дека водата, мирна и газирана, прави прилично добра работа за брзо рехидрирање на телото, но пијалоците со малку шеќер, масти или протеини прават уште подобра работа да не одржуваат хидрирани подолго време.
Млекото е повеќе хидратантно од водата
Истражувањето покажа дека млекото хидрира дури и повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, кои помагаат да се забави празнењето на течностите од желудникот и да се одржува хидратацијата подолго.
Млекото има и натриум, кој делува како сунѓер и ја задржува водата во телото, што резултира со помалку производство на урина.