Деветмина загинале во Шведска откако малиот патнички туристички авион со кој летале се урнал.
Според шведската полиција, загинале сите патници од авионот и членовите на екипажот. Идентитетот на жртвите засега е непознат.
Според досегашните сознанија, со авионот се превезувале лица кои требало да летаат со падобрани.
Причините за несреќата засега не се познати.
