Свет

Падна метеор во северна Јута?

Падна метеор во северна Јута?

Силен татнеж, како звук на тежок предмет кој паѓа, се слушна во делови од северна Јута и можеби е метеор, изјавија локалните власти, пренесе Асошиејтед прес.

Извештаите за силната врева почнаа да доаѓаат вчера околу 8:30 часот, а корисниците од Орум до јужниот дел на Ајдахо објавија дека го слушнале звукот, објави Солт Лејк Трибјун.

Гувернерот на Јута Спенсер Кокс на Твитер објави дека неговата канцеларија потврдила дека звукот не е поврзан со сеизмичка активност или воени локации.

Националната метеоролошка служба во Солт Лејк Сити на Твитер објави дека детектор на молња можеби го фатил блесокот на опашката на метеорот. А тоа, велат официјалните лица, се чини дека е потврдено од видеото од очевидци во Рој.

Жителката на Солт Лејк Сити, Венди Мелинг, штотуку ја напуштила својата куќа вчераутро кога слушнала како што ја опишала „гласен, длабок бум звук“ проследен со неколку секунди татнеж.

Мислев дека нешто паднало дома. Проверив сè од подрумот до поткровјето и единственото нешто што го најдов е падната летва од оградата, напиша Мелинг на Фејсбук.

Навистина звучеше како звучните бумови што ги слушнав, проследени со краток звук како гром што пука, рече Мелинг. Овој татнеж, кој следеше по бум звукот, траеше 3-4 секунди.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни