Грчката полиција на северот од земјата разби криминална група која продавала бебиња, наведувајќи дека во прашање е една од најорганизираните групи во Европа.
Полицијата наведе дека 12 лица се уапсени, а 66 се обвинети.
Шефот на одделението за злосторства на солунската полиција, Антонис Цицис рече дека верува дека ова е една од „најголемите и најдоброорганизираните“ групи во Европа.
Според неговите зборови, полицијата влегла во трага на најмалку 22 случаи на продажба на бебиња, 24 продаби на јајце клетки и 10 случаи на плаќање на сурогат мајки меѓу 2016 и 2019 година.
Цицис наведува дека оваа криминална група „заработила“ најмалку половина милион евра.
Таа криминална група наводно ја предводеле грчки адвокат и акушер.
Тие регрутирале сиромашни трудници во Бугарија, им плаќале до 5.000 евра за продажба на своите бебеиња на грчки двојки без деца, пренесува АП.