На 06.08.2019 во 23,40 часот на Граничниот премин „Деве Баир“ на влез во РСМакедонија, од страна на полициски службеници бил задржан турскиот државјанин Е.Б.(56), кој управувал товарно моторно возило “Рено“ и полуприколка со турски национални ознаки., поради постоење основи на сомнение дека зелената карта која ја поседувал била фалсификувана.
Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
