Македонија

Паднати дрвја и навалени бандери низ Гази Баба: Се санирааш штетите од силниот ветер!

Паднати дрвја и навалени бандери низ Гази Баба: Се санирааш штетите од силниот ветер!

Силниот ветер кој ја зафати општината во текот на изминатата ноќ и денешниот ден предизвика паднати дрвја и навалени електрични столбови на повеќе локации. Екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ се веднаш мобилизирани и работат на расчистување на теренот.

Интервенциите се фокусирани на отстранување на паднатите дрвја од јавните површини и обезбедување на критичните точки каде постои опасност по граѓаните. Истовремено, претпријатието е во постојана координација со надлежните служби за санирање на оштетените електрични столбови со цел брзо враќање на безбедноста и функционалноста на просторот.

Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните да бидат претпазливи и доколку забележат нови ризични ситуации, веднаш да ги пријават до надлежните служби за навремено постапување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни