Метју Палмер, државниот секретар на САД за Западен Балкан денеска се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров, и после средбата ја истакна силната поддршка од страна на САД кон Северна Македонија во членството на НАТО и ЕУ.
„Секогаш е задоволство да се биде тука во Северна Македонија. Доаѓам во моментите кога земјата е блиску до членството во НАТО, и само прашање на време е кога ќе се случи. Уште еднаш тука сум да ја истакнам и силната поддршка на САД кон Северна Македонија за членството во НАТО, како и на патот кон членството на ЕУ“, рече Палмер по средбата со Димитров.
Димитров истакна задоволство од средбата, и рече дека на следната прилика земјата треба да биде уште подобро подготвена.
„Треба да бидеме упорни, треба да се донесе законот за ЈО и на следната шанса да бидеме уште подобро подготвени“, рече Димитров.