Паника во БИХ поради сериски убиец, луѓето не спијат и седат заклучени во своите домови - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Паника во БИХ поради сериски убиец, луѓето не спијат и седат заклучени во своите домови

Специјалните единици на БИХ и натаму се во потрага по Един Гачиќ, повеќекратен убиец кој што сее страв. Според последните информации од полицијата, тој се крие во шумата во околината на Тарчин.

Но додека Гачиќ не биде фатен, во местото каде што последен пат е виден убиецот, има голем страв. Улиците се празни, луѓето се заклучени дома и не спијат навечер.

Завчера во Ушивак е убиен полицаецот Махир Бегиќ, а осомничен е токму Гачиќ. Пред шест дана тој го убил и Сауд Султаниќ, а тоа убиство е снимано со надзорните камери.

Гачиќ бил во затвор, но од него излегол и од тогаш почнува стравот кај граѓаните. Го продал станот во Бања Лука, и купил во Подрашец, каде што жителите на ова место од страв не спијат и не излегуваат од дома.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com