Папата Франциск ги повика 1,4 милијарди католици во светот да се откажат од „лудата трка“ по пари и да се посветат на својата вера.
Неговата четврта енциклика, објавена по 11 години на понтификат, не се фокусира на политички теми, за разлика од претходните во кои се разгледуваа глобалните климатски промени и неолибералните економски политики.
„Во светот каде што сè може да се купи и продаде, самопочитта на човекот сè повеќе зависи од тоа што може да стекне со парите. Во таквиот изопачен систем нема место за Христовата љубов, а само таа љубов може да не ослободи од лудата трка во која нема простор за безусловна љубов,“ напиша папата.
Енцикликата од 142 страници се фокусира на духовни аспекти, без повици за конкретни политички акции.