Свет

Папата Франциско помина само неколку минути со Џеј-Ди Венс

Папата Франциско помина само неколку минути со Џеј-Ди Венс

Средбата се одржа во 11:30 часот во резиденцијата Каса Санта Марта.

Двајцата се видоа „неколку минути“, разменувајќи ги велигденските честитки.

Според Ватикан, меѓу Венс и Паролин се одржал „срдечен разговор“, при што била обновена заедничката заложба за одбрана на правото на верска слобода и слобода на совеста.

„Имаше размена на мислења и за меѓународната ситуација, особено за земјите погодени од војна, политички тензии и тешки хуманитарни ситуации, со особено внимание на мигрантите, бегалците и затворениците“, соопшти прес-службата на Светата столица.

Сепак, надворешни доушници рекоа дека двајцата се расправале за мигрантите и војната во Украина наместо да водат „разговор од срце до срце“.

Во попладневните часови на Велики петок, потпретседателот, со сопругата и трите деца, присуствуваше на прославата на Страдањата Господови во базиликата Свети Петар, со која претседаваше кардиналот Клаудио Гуџероти, префект на Дикастеријата за источните цркви.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни