4NEWS.mk

Партијата на Ангела Меркел против соработка со ултрадесничарите

Партијата на десниот центар на германската канцеларка Ангела Меркел исклучува можност за соработка со ултрадесничарската Алтернатива за Германија, која на вчерашните две регионални гласања освои четвртина од гласовите.

Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер изјави дека во источната држава Саксонија постигнат е „тежок резултат“. Таму ЦДУ доби 32,1 отсто од гласовите, во однос на 27,5 отсто кои ги освои крајно десничарската Алтернатива за Германија. Еколошката партија Зелени има најголема шанса за коалиција со ЦДУ, а анкетите покажуваат дека најверојатно таква би била сликата и на национално ниво, доколку сега се одржуваат избори.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни