Наука и технологија

Пазарот на паметни телефони изгуби над 500 брендови

Пазарот на паметни телефони изгуби над 500 брендови

Бројот активни брендови на паметни телефони се сруши за речиси 500 за периодот 2017 – 2018 година. Ова го покажуваат податоците од студијата на Counterpoint Research.

Според нив, во 2017 година имало повеќе од 700 брендови на паметни телефони во светот, од кои голем дел се продавале само во одредени региони, па дури и земји. Во 2023 година, бројката е под 250, велат аналитичарите.

Како главни причини велат дека самите потрошувачи и пазарот созреваат и бараат повисок квалитет од уредите дури и да се со ниска цена. Во комбинација со економските показатели, продолжувањето на циклусите на користење и замена на паметни телефони, воведувањето на 5G мрежи и други технолошки иновации, ова ги турна повеќето мали брендови надвор од пазарот.

Аналитичарите ги наведуваат како пример брендовите Micromax и Symphony, кои важеа за „кралеви“ на пазарите во Индија и Бангладеш, соодветно, сега речиси и да не постојат или целосно престанаа со работа. Очекувано, најголем пад има во 2020 година, кога рестриктивните мерки поради пандемијата доведоа до колапс на многу бизниси.

Помалите брендови не можат да се натпреваруваат со големите и немаат исти ресурси за иновации и нови случувања. Во исто време, барањата на клиентите се зголемуваат и станува сè потешко за малите играчи да останат во чекор.

Аналитичарите очекуваат трендот да продолжи. Малите брендови ќе мора да најдат начин да ги зголемат инвестициите, да ги подобрат своите пазарни стратегии и нивниот маркетинг за да останат на пазарот, велат експертите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни