Поврзи се

4NEWS.mk

“Пчелите не познаваат граници”- манифестација во Ранковце

Published

on

 За време на одржување на народниот собир по повод празникот Макавеј, денеска во селото Герман во Општина Ранковце, ќе се одржи презентација на еколошки чист мед и производи од мед.

-Текстот продолжува по рекламата-

Настанот ќе започне на пладне, како дел од манифестацијата „Пчелите не познаваат граници”, што Општина Ранковце ја организира со поддршка од Постојаната работна група за регионален рурален развој на Југоисточна Европа (СВГ) и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), во рамки на проектот Седра.

– Ранковце е дел од регионот „Пчиња-Краиште” и има одлична клима и поднебје за пчеларење, за производство на еколошки чист мед, што беше повод да востанови е манифестација која ќе биде посветена на оваа тема, ќе го промовира и унапреди пчеларството од овој регион и ќе овозможи брендирање и пласман на поголемите пазари на медот и пчелните производи од овој крај, изјави градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски.

Покрај денешната презентација на мед во рамки на проектот вчера се одржа и состанок на здруженијата на пчелари од регионот Пчиња- Краиште.

 

– Со Ранковце имаме одлична долгогодишна соработка, а тоа беше повод да се направи и поширока регионална манифестација. На одржаната средба присуствуваа здруженијата на пчелари од Србија, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Ранковце, а покрај размена на информации и искуства, се дискутираше за идеите за брендирање на медот и пчелните продукти од овој регион. Се надеваме дека овој настан ќе биде почеток на успешна приказна за развој на пчеларството во регионот, изјави Предраг Марковиќ, регионален менаџер на регионот „Пчиња- Краиште“.

Модератор на настанот е Стојанче Величковски, кој воедно е и креатор на визуелниот идентитет на проектот „Пчелите не познаваат граници”. Се очекува манифестацијата да продуцира идна успешна соработка и партнерства меѓу здруженијата.

Извор: Сител телевизија

Реклама
4NEWS.mk

Утре е неработен ден, a следен неработен ден е среда

4NEWS.mk

Вечерва внимавајте на овие патни правци: Снег паѓа без престан во овие градови низ земјава!

Македонија

Јовановски: Дали јас сум добивал подароци од Камчеви? Рускоска: Поголеми подароци од 1,5 милиони евра јас не знам

4NEWS.mk

Најдобар газда на светот: На своите работници им подели 10 милиони долари, најмалиот бонус е 50.000

4NEWS.mk

Дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта?

4NEWS.mk

Шверцери во документарецот го споменуваат и Саздо: „Нека знаат со кој си имаат работа“

4NEWS.mk

Пукање во Скопје попладнево – полицаец заврши во болница

4NEWS.mk

Овие четири хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници

Македонија

Снегот пристигна и во Македонија – Зимска идила во Нижеполе (ФОТО)

Македонија

ТВ21 АНКЕТА: Еве од услугите на која банка најмногу се задоволни корисниците

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com