Во Пехчево во тек се активности за помош на Бојан Димитриевски на кого му се потребни парични средства за негово лекување. Иницијатор на акцијата за помош на Бојан е Училишниот парламент при деветолетката „Ванчо Китанов“, кои потребните средства планираат да ги обезбедат во соработка со локалните институции и бизнис секторот.
– Бојан Димитриевски има 19 години и тешка форма на инвалидитет. За да се подобри неговата состојба треба да замине на третмани со матични клетки во клиниката „Неуровита“. Потребната сума за третманот е 27.877 евра. Средства за Бојан веќе се собираат во неколку општински институции и приватни фирми во Пехчево, а кутии во кои може да се донираат парични средства, поставени се и во угостителските објекти во градот, велат од ООУ „Ванчо Китанов“.
Акцијата за помош на 19-годишниот Димитриевски, како што додаваат, продолжува утре со хуманитарен концерт под мотото „Со срце за Бојан“.
-Хуманитарниот концерт ќе се одржи во киносалата при Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево.
Влезницата за концертот е 50 денари, а парите ќе бидат наменети за третманот на Бојан. Ги покануваме сите граѓаните на Пехчево да дојдат на овој настан и со своето масовно присуство да му помогнеме на Бојан, додаваат од ООУ „Ванчо Китанов“.
Во понатамошниот дел од акцијата, како што додаваат организаторите, помош за Бојан Димитриевски ќе се собира и по преку посебна телефонска линија за таа намена.
Помош за Бојан може да испратат сите добронамерни граѓани на следните жиро-сметки: