Пекер вели дека се среќавал со Заев кај него дома

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил објави видео од турскиот државјанин Седат Пекер во кое вели дека се среќавал со премиерот Зоран Заев и бил кај него дома. Тој вети дека ќе има целосно расчистување на оваа афера.

„Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?

Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?

Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.

Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка власт“, напиша Мицкоски.

Поврзани вести

Најважното