Доколку на пролет 2020 Северна Македонија добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, претседателот Стево Пендаровски рече дека тоа ќе трае од 5 до 7 години. Во меѓувреме, Пендаровски рече дека е потребно да се спроведат внатрешни реформи за спречување на емиграцијата на граѓаните кои се останати во земјава.
Регионалните иницијативи се алтернатива или порта за во ЕУ, беше една од темите на тркалезната маса на која шефот на дипломатијата Никола Димитров рече дека регионалните иницијативи или Мини шенген не ја заменуваат ЕУ.
На конференцијата исто така беше кажано дека слабиот образовен и здравствен систем, невработеноста и ниските плати, слабостите во заштитата на животната средина и други елементи се главен фактор за иселувањето на граѓаните од земјава.