Пендаровски: Нашата армија во сите претходни мисии во кои учествуваше покажа дека може да одговори на најкомплексните барања

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска во Касарна „Илинден“ – Скопје, присуствуваше и се обрати на церемонијата на испраќање на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата предводена од НАТО – КФОР, на Косово. 

Се вчитува...

„Вие сте дел од нашата прва ротација во оваа наша прва мисија во која учествуваме по добивањето на статусот полноправна членка во Северноатлантската алијанса и тоа нè прави сите нас особено горди. Ова наше учество во мисија предводена од НАТО е јасен показател за нашата намера да бидеме активен и ангажиран член на Алијансата и за нашата намера да придонесуваме за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Уште пред 20 години кога станавме земја-кандидат знаевме дека членството во најмоќната воена алијанса претставува огромна предност за нашата сигурност и безбедност, меѓутоа носи и обврски и одговорност“, посочи претседателот Пендаровски.

Тој додава дека уште пред да станеме членка на НАТО, нашата армија во сите претходни мисии во кои учествувала покажала дека може да одговори и на најкомплексните барања и да ги изврши сите поставени задачи.

„Не постои ниту една моја средба во сите овие години со високи претставници на НАТО, и цивили и генерали, на кои тие не зборуваа со посебен респект за квалитетот на македонските контингенти и во Авганистан, каде што го чувавме седиштето на мисијата во Кабул и за нашето учество во борбени мисии од кои многу наши војници се вратија со највисоки странски одликувања за покажаната храброст. Иако сме членкa на НАТО од март годинава, нашиот рејтинг во Алијансата е висок, а заслугата ви припаѓа, пред сè вам, почитувани војници и старешини, затоа што во континуитет покажувате врвна професионалност и целосна посветеност на оваа благородна професија“, истакна Пендаровски. 

Тој порача дека нема ниту најмал сомнеж дека и во претстојната мисија припадниците на Армијата ќе ги задржат највисоките стандарди и достојно ќе ја претставувате својата татковина.

„Мисијата КФОР започна пред 21 година како одговор на огромната воена и хуманитарна криза, и таа мисија донесе мир и безбедност за граѓаните на Косово, но и стабилизација на целиот наш регион. Нашето идно присуство на Косово со 44 војници што ќе биде наше најбројно учество во моментов споредено со останатите контингенти кои ги имаме во Авганистан, Либан и во Босна и Херцеговина доволно зборува за значењето кое ние ѝ го придаваме на оваа мисија“, изјави претседателот Пендаровски.

🔴 Kreu shtetëror përcjell kontigjentin e parë të Armatës së #RMV-së në mision të #NATO-s në #Kosovë #KFOR

🔴 Kreu shtetëror përcjell kontigjentin e parë të Armatës së #RMV-së në mision të #NATO-s në #Kosovë #KFORНајвисокиот воен и државен врв на воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на С. Македонија во мисија на КФОР

Gepostet von TV21 am Samstag, 17. Oktober 2020

.

Извор: ТВ21