Свет

Пентагон го отстрани од ѕидот портретот на генералот кого Трамп го нарече морон

Пентагон го отстрани од ѕидот портретот на генералот кого Трамп го нарече морон

ПЕНТАГОН денеска го отстрани портретот на Марк Мили, пензиониран генерал и поранешен претседател на Здружениот Генералштаб, потврдија за Ројтерс двајца очевидци. Овој потег дојде два часа по инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.

Пентагон веднаш не одговори на прашањето зошто портретот е отстранет неколку дена по неговото откривање. Трамп и претходно ја критикуваше Мили. Тој еднаш рече дека Мили „бавно се движи и размислува“ и го нарече „морон“, се сеќава Ројтерс.

Неколку часа пред инаугурацијата, поранешниот претседател Џо Бајден издаде превентивно помилување за Мили и неколку избрани функционери и владини службеници, како и членовите на неговото семејство, барајќи да ги заштити од можна одмазда на Доналд Трамп.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни