Македонија

Пензионерите со повисоки примања од октомври, следува усогласување од 3 отсто

Пензионерите со повисоки примања од октомври, следува усогласување од 3 отсто

Пензионерите од почетокот на октомври ќе добијат повисоки примања, откако септемвриското усогласување на пензиите ќе биде направено за 3 отсто. Зголемените пензии се исплаќаат во октомври, бидејќи исплатата се однесува на претходниот месец.

Усогласувањето се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, според кој пензиите се усогласуваат двапати годишно – во март и во септември.

Законската формула се пресметува како збир од 50 отсто од порастот на трошоците за живот и 50 отсто од растот на просечно исплатената нето-плата во првото полугодие во однос на претходните шест месеци.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни индексот на трошоците на животот бележи раст од околу 1,17 отсто. Тоа во формулата учествува со околу 0,585 отсто.

Во истиот период просечната нето-плата пораснала за околу 4,75 отсто, што во законската формула носи придонес од 2,375 отсто.

Со собирањето на двата удела се добива усогласување од околу 3 отсто, бројка која е потврдена и од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ).

Така, пензионерите зголемените септемвриски пензии ќе ги добијат со октомвриската исплата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни