На улицата „Лески” во Штип патничко возило „голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57), удрило во пешакот В.Д. (75) од истиот град.
Во незгодата В.Д. добила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.