На аукција е продадена познатата „Пештера на цртежи“ во Сенд Луис.
Таа е „украсена“ со илјадници години стари карпести слики на ѕидовите.
Оваа пештера и околината од 1953 година се во сопственост на семејство од Сент Луис, кое ја користело како ловиште, а сега купувачот, кој сака да остане анонимен, ја откупи пештерата и околното земјиште за 2,2 милиони долари.
Инаку, ова место е свето за домородниот народ Ниуконска, па затоа антопологот Керол Дијаз-Гранадез исто така се противеше за наддавањето.
„Продажбата на ова место свето за Домородните Американци испраќа погрешна порака. Тоа е како да ја продавате Сикстинската капела на аукција“, вели истражувачот.
Претставниците на племето, кои дознаа за продажбата, минатата година се обидоа да ја купат пештерата директно од сопствениците, но за жал понудија мала сума.
