Дмитриј Песков денес изјави дека изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за наводниот вчерашен разговор со рускиот претседател Владимир Путин била фигуративна.
„Тој зборуваше фигуративно. Животот е толку полн со настани сега што ретроспективата на неколку дена е вчера“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Трамп денес им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со Путин „вчера“.
Песков: Изјавата на Трамп за Путин беше фигуративна