Здравје

Пет суперхрани што треба да ги јадеме во лето за да ја заштитиме кожата и да се чувствуваме совршено

Пет суперхрани што треба да ги јадеме во лето за да ја заштитиме кожата и да се чувствуваме совршено

Топлината и сонцето го заморуваат телото. Кожата е особено погодена и нашироко е познато дека, на пример, Морковите се намирници кои треба редовно да ги јадеме во летните месеци, но има и некои други суперхрани кои ќе му помогнат на нашиот организам полесно да функционира во текот на летните месеци.

Во продолжение ви пренесуваме десет летни суперхрани.

Домат – сојузник на убавината

Доматите се храна богата со витамини А, Ц, Е, биофлавоноиди и биолошки активни материи како ликопен и доматин

Во лето можеме да ги набавиме по поевтини цени, а некои се осмелуваат да одгледуваат и органски домати на својот балкон.

Поради позитивното влијание на кожата, доматот го нарекуваат и „сојузник“ на убавината. Со консумирање на домати можете да ги намалите воспалителните процеси на кожата, предизвикани од дејството на штетните УВ зраци, а со тоа да ги неутрализирате опасните молекули, кои се создаваат при предолго изложување на сонце. Правете често салати и консумирајте домати на различни начини. Кога го купувате, внимателно избирајте парчиња што не изгледаат премногу совршено. Домашните домати се секако најдобриот избор, но тешко се наоѓаат на пазарот.

Марула, малку калории и многу течности

Околу 400 година п.н.е., познатиот Хипократ бил голем поборник за јадење зелена салата. Марулата содржи многу витамини А и К, како и железо, фолна киселина и витамин Ц. Има многу малку калории, а витаминот А ни помага да ги заштитиме кожата и очите, кои се особено ранливи во лето. Корисно е да се знае дека 96% од зелената салата е вода, што ја прави совршена храна за хидратација на вашето тело во текот на летните месеци. Затоа, јадете салата секогаш кога можете. Важно е да се напомене дека не е доволно едноставно да ја исплакнете зелената салата под млаз вода, туку се препорачува потемелно миење. Марулата најдобро се подготвува непосредно пред оброк за да се зачува свежината, цврстината и хранливите и заштитните материи.

Лубеница – Идеалното летно овошје

Речиси целата содржина на лубеницата е вода: околу 92 проценти. Токму затоа лубеницата е најидеалното летно овошје. Секој сочен и освежителен залак има значително ниво на витамини А, Б6 и витамин Ц. Најважните супстанции содржани во лубеницата се антиоксиданти (како ликопен), антиоксиданти и аминокиселини. Лубеницата содржи и одредена количина на калиум.

Тиквички

Тиквичките се незаменлив дел од летната трпеза, особено затоа што може да се комбинираат со различни намирници, а се и супер вкусни. Покрај тоа, тие содржат пектин, кој ја подобрува работата на срцето и го намалува холестеролот.

Киви

Витаминот Ц се покажал и како одличен „заштитник“ на кожата и нејзините клетки од штетното влијание на сонцето, бидејќи ја одржува нејзината еластичност и ја спречува појавата на брчки. Секојдневното консумирање намирници како што се: киви, лимони, пиперки, портокали, јагоди и сл., ни овозможува да имаме доволен внес на витамин Ц.

Покрај горенаведените намирници, во лето консумирајте боровинки, краставици и друго сезонско овошје и зеленчук.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни