Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Интима

Пет тајни ерогени зони на машкото тело

Истражувачи анкетираа 793 мажи и жени со цел да го оценат нивото на возбуда на различни делови на телото.

За жените веќе е општо познато кои се најголемите точки на возбуда, но мажите се потаинствени и потешко се отвораат.

Резултатите од студијата се објавени во журналот Cortex. Анкетираните биле замолени да го оценат секој дел од телото на скала од 1 до 10 според нивото на возбуда.

Еве на кои делови треба да обрнете посебно внимание:

1. Усните

Мажите ја ценат својата уста како исклучително чувствителна ерогена зона, многу реагираат на допир, притисок и температура. Освен тоа, бакнувањето го ослободува хормонот на љубовта, окситоцин.

2. Грбот

Уште еден силно потценет дел од машкото тело е токму грбот. Изненадете го со благи и брзи бакнежи или нежно цртање со прстите додека е свртен со грбот.

3. Брадавиците

Да, и машките брадавици се многу чувствителни исто како и женските. Обрнете им посебно внимание и малку повеќе време, па ќе се уверите.

4. Вратот

Иако се чини дека допирањето на вратот не е толку еротично за мажите како што е за жените, ова место и понатаму е на врвот на листата на мачки ерогени зони. Затоа, не го занемарувајте.

5. Ушите

Следниот пат кога ќе почне некој натпревар и тој одбива да го тргне погледот од играта, знаете точно каде невино да го допрете.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни