Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Македонија

Петгодишно дете затруено со лекови, итно префрлено на клиника во Скопје

Петгодишно дете затруено со лекови, итно префрлено на клиника во Скопје

Петгодишно дете од гостиварското село Чегране синоќа итно било хоспитализирано поради труење со лекови, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во Полициската станица Гостивар во 18:40 часот, откако детето било донесено на Педијатриското одделение во локалната болница. Според првичните информации од пријавата, тоа дошло во контакт со лекови кои биле оставени на лесно достапно место во домот и проголтало дел од нив.

По укажаната прва медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на состојбата, детето е пренесено на Детската клиника во Скопје за понатамошна нега, детоксикација и детални прегледи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни