Доскорешниот премиер на Бугарија Кирил Петков со прв коментар откако вечерва ги загуби изборите од ГЕРБ на Бојко Борисов.
„Тоа што се случи денеска укажува јасно дека многу граѓани продолжуваат да вериваат дека Бугарија може да биде различна и дека не смее да биде изедена од корупцијата. Го почитуваме изборот на граѓаните, но ние нема да правиме коалиција со ГЕРБ, тоа го ветивме и пред изборите и тоа ќе си го исполниме“, изјави премеирот Кирил Петков.
„ ГЕРБ имаат огромна одговорност. Сега им е редот да формираат влада, народот им го даде мандатот “, изјави Кирил Петков од „ Продолжуваме со промените “.
Асен Василев, сопартиец на Кирил Петков рече дека Бугарија треба да биде Европска.
„Ни претстои тешка зима. Сакам да и посакам успех на ГЕРБ во формирањето влада. Нивниот успех е успех на сите Бугари. Ако немаме стабилна влада, сите ќе страдаме. Ние длабоко не се согласуваме со начинот на кој тие управуваа со земјата, но бугарските граѓани зборуваа“, рече исто така Асен Василев.