Премиерот на Бугарија, Кирил Петков денеска од Ватикан посочи дека би бил среќен доколку претседателот Румен Радев го повика Националниот Совет.
„Значи за паѓање на бугарското вето, може да се зборува само според мене откако Министерството за надворешни работи ги презентира последните резултати од напредокот во дијалогот и да се одржи Советот за безбедност и сите служби а потоа се тоа да се внесе во парламентот и тој да одлучи со јасна иницијатива, за тоа што треба бугарската влада да направи, затоа што тоа е најширокиот формат и мислам дека тоа е најважната институција“, рече бугарскиот премиер.
Тој рече дека треба во Бугарија да се седне на заедничка маса.
„Поминаа шест месеци од последниот ваков собир. Многу работи се случија. Имаше разговори, предлози, светски лидери кои го покажаа својот пристап кон решавање на темата. Нема подобар формат од тоа да седнете на маса, да сумирате што се случило и кои чекори да ги преземете заедно во иднина. Ако не сме во ист брод, разделбата ќе не ослаби“, објасни Петков.
Тој додаде дека тој и папата не разговарале за прашањето за давање зелено светло за преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија.
„Многу е важно да имаме заеднички пристап на темата со Северна Македонија. Имаме голем консензус и со дел од опозициските партии. Имаме јасни црвени линии – како темата за корупција“, рече тој.
Според него, укинувањето на ветото може да се каже откако МНР ги презентирало последните резултати од напредокот во дијалогот меѓу двете земји.