Министерката за одбрана Славјанка Петровска уште еднаш потврди дека се придружуваме на солидарноста на земјите членки на НАТО и на ЕУ за директна и практична помош на Украина.
Министерката посочи дека во моментот нема одлука за мобилизација на припадници на нашата Армија и нивно испраќање во Украина.
„Таква одлука се уште немаме донесено. Согласно механизмите на НАТО, дополнително доколку биде побарано од нас, ќе пратиме сили, до овој момент таква одлука не е донесена. Јавноста ќе биде информирана доколку донесеме таква одлука“, рече Петровска.