Балкан

По 8.000 евра на семејствата на загинатите во вчерашната несреќа во Бугарија

По 8.000 евра на семејствата на загинатите во вчерашната несреќа во Бугарија

Бугарската влада ќе им исплати еднократна финансиска помош од по 8.000 евра на семејствата на лицата кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“. Одлуката ја соопшти министерката за труд и социјална политика Наталија Ефремова по редовната седница на Министерскиот совет.

Таа информираше дека и семејствата на повредените можат да побараат финансиска поддршка доколку ги исполнуваат условите за еднократна социјална помош предвидена со закон. За таа цел, треба да се обратат до надлежните дирекции за социјална помош во земјата, каде што ќе добијат конкретни информации и консултации.

Помошта за семејствата на загинатите ќе се исплаќа преку дирекциите за социјална помош. Според Ефремова, се очекува средствата да бидат исплатени во рок од неколку дена, откако ќе бидат утврдени семејствата и нивните адреси.

Министерката посочи и дека повредените лица на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се обратат до општинските дирекции за социјална помош, преку кои ќе им биде обезбедена бесплатна помош.

На седницата на бугарската влада била оддадена почит и на загинатите во несреќата, со едноминутно молчење.

Ефремова се осврна и на предложените измени на Законот за лична помош, поднесени од „Прогресивна Бугарија“. Како што објасни, целта на измените е да се обезбедат квалитет, ефикасност и контрола во системот, со посебен акцент на овозможување независен живот за лицата со попреченост.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни