Македонија

ПО БАРАЊЕ НА МИНИСТЕРОТ: Докторите Аспазија Софијанова и Никола Васев поднесоа оставки

Министерството за здравство информира дека по барање на Министерот за здравство, денес до МЗ се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники.

Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев. 

Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на Министерот, јавноста навремено ќе биде информирана. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни