По бомбите на Ел Чека насекаде низ Гостивар и Тетово графити против ДУИ

Во редакцијата на порталот Албањуз24, пристигнале слики, во кои мината ноќ, исто како и во Тетово, неколку млади лица го наполниле и Гостивар со графити против Демократската унија за интеграција.

„Гостивар нема место за Гнили”, е еден од напишаните слогани, а тоа што најмногу се забележуваше е слоганот “Гостивар на Џем Хаса нема место за Предавници“.

Слична акција пред неколку дена беше реализирана во Тетово, каде беше преземена од Младинскиот форум на Движењето Беса. Инаку, овој револт пристигна по објавувањето на ‘бомбите‘ од Ел Чека, каде се слушаат функционери на ДУИ навредувајќи ги градовите на Албанците, пренесува порталот Албањуз24.

Извор: Сител телевизија