Македонија

По два негативни тестови, Лукаревска се враќа на секојдневните обврски

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил посочува дека по два негативни тестови за коронавирус, се враќа на своите секојдневни обврски.

„По ова искуство сакам да упатам порака до сите наши сограѓани – бидете одговорни, но и солидарни. Ова е вирус кој може да допре до секој од нас. Да бидеме многу внимателни, да ги заштитиме нашите блиски и сите сограѓани. Да подадеме рака и да дадеме силна поддршка на оние кои се соочуваат со вирусот, заедно со сите опасности кои ги носи. До сите кои имале контакт со КОВИД-19: Сочувство за загубените животи и лесно опоравување за оние кои се борат за своето здравје“, посочи Лукаревска.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни