По нередите во Атина и Солун, приведени над 100 лица

Грчките власти денеска соопштија дека по синоќешните протести во Атина и Солун приведени се повеќе од 100 лица. Протестите беа организирани по повод убиство кое се случило пред 10 години, односно полициски службеник застрелал тинејџер.

Демонстрантите синоќа во Атина поставија барикади кои подоцна ги запалија, полицијата се спротиставила со водени топови, солзавец и шок бомби.

Убиството на 15 годишното момче на 6. декември 2008 година ги предизвика најголемите протести во Грција во последните 10 години, кои траеа две недели.

Извор: ТВ21