Македонија

По повеќе реакции, почна обновата на оштетените плочки на влезот во Старата чаршија

По повеќе реакции, почна обновата на оштетените плочки на влезот во Старата чаршија
default

Започна уредувањето на влезот во Старата скопска чаршија, каде што оштетените и искршени плочки ќе бидат заменети со нови плочи од травертин. За почетокот на активностите информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека одлуката за санација следува по реакциите на граѓаните, кои укажувале на лошата состојба на плочките на влезот во една од најпрепознатливите локации во главниот град.

Според објавата на Ѓорѓиевски, со нови травертински плочи ќе бидат заменети сите оштетени делови на влезот во Чаршијата.

Градоначалникот истакнува дека уредувањето на овој простор е важно и за дуќанџиите и за скопјани, но и за бројните туристи кои ја посетуваат Старата скопска чаршија.

„Чаршијата е живата историја на Скопје. Еден од симболите на градот и едно од првите места што ги посетуваат туристите кога ќе дојдат во нашиот град. Затоа е важно уште самиот влез да биде уреден и достоен“, наведува Ѓорѓиевски.

Тој додава дека зачувувањето на Чаршијата претставува одговорност кон идните генерации и кон сите кои со децении придонесувале за нејзиниот препознатлив дух.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни