Балкан

По терористичкиот напад на Москва: Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност

По терористичкиот напад на Москва: Вучиќ свика седница на Советот за национална безбедност

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе свика состанок на Советот за национална безбедност во врска со престрелката во Москва.

Според информациите, Вучиќ седницата ја закажал за девет часот наутро.

Да потсетиме, пукањето се случи во концертната сала „Crocus City Hall“ во Москва. Најмалку три маскирани лица во униформи отвориле оган. Според последните информации, загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети.

На социјалните мрежи се појавија шокантни снимки од пукањето.

Маскирани напаѓачи шетаа низ салата со пушки и пукаа во посетители.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни