ПО ТРИ МЕСЕЦИ: Кинеските астронаути се вратија на Земјата

По три месеци поминати во вселената, тројцата кинески астронаути се вратија на Земјата.

Нивниот престој се смета за, официјално, најдолгото време за кинески вселенски истражувачи.

Није Хајшенг, Лиу Боминг и Танг Хонгбо полетаа од Земјата на 17 јуни, а главна нивна цел беше вселенската станица Тијангонг, која е во изградба.

Таа треба да биде готова до 2022 година, а Кина планира таму да испрати уште две летала, кои ќе тежат по 20 тони.

По досега најдолгата вселенска мисија со екипаж на Кина, капсулата за враќање на бродот Shenzhou 12 беше забавена при спуштање со голем падобран и конечно слета во пустината Гоби во северна Кина. Настанот се пренесуваше во живо на Кинеската државна телевизија.

Следниот лет со луѓе е предвиден за октомври.